Данските ракометарки не знаат многу за македонската репрезентација

Loading...

Женската репрезентација на Данска, ќе биде противникот на Македонија, во натпреварот од последното, трето коло во Б групата, на Европското првенство во Србија.

Една од најтрофејните европски репрезентации, години наназад нема позначајен успех на големите натпреварувања, токму поради тоа, селекторот на Јан Питлик истакна дека од неговиот тим не треба да се очекува медал на континеталното првенство. Питлик, со оваа своја изјава сака да го тргне притисокот од неговата млада екипа, од која данската јавност очекува да се вмеша во борбата за медалите.
Тоа значи дека младата данска селекција, ќе може да игра растоварено, без притисок, што е исклучително важно, смета плејмејкерот Кристина Кристијансен.
„Неодамна започнавме да вежбаме нова зонска одбрана, правиме грешки, но треба да истраеме да ги исправиме грешките, бидејќи ова е систем кои ќе го користиме и во иднина“, изјави за ‘ehf-euro.com’ Кристијансен, која се надева дека зоната 5-1 ќе делува фрустрирачки за нивните противнички.
Инаку, Данска, минатата недела, на турнирот ‘Златна лига’ во Норвешка имаше можност да игра со две репрезентации со кои ќе се сретне и на Еуро 2012, тоа се Франција и Шведска.
„Загубивме тесно од Франција, но мислам дека против нив имаме шанси, иако се тие екипа која тешко губи на големите турнири. Шведска ја победивме лесно, но во споредба со тој меч сигурно дека тие ќе играат многу подобро“, рече Кристијансен, која призна дека не знае многу за македонската репрезентација. „Сигурна сум дека нашите тренери знаат се за Македонија“.
Нејзината колешка, 23-годишната Твис Холстебро, напоменува дека примарно за Данска е да ја мине Б групата. „Мислам дека мора да сториме се за да ја минеме групата, потоа ќе видиме колку бодови ќе носиме во следната рунда. Но доколку сакаме да се бориме за медал ќе мора да пренесеме некои бодови од оваа група“, смета Холстебро.
Данска против Македонија ќе игра на 8.декември, од 20 часот, во последното коло во Б групата.

Макфакс
 

loading...
Loading...