Вон ја растури конкуренцијата во спуст

Loading...

Американката Линдзи Вон, на доминантен начин забележа победа на првата спуст трка во новата сезона во Светскиот куп, која се возеше во Лејк Луиз, Канада.

Вон до првата победа оваа сезона стигна со време од 1:52.61 и на тој начин по 12-ти пат победи во Лејк Луиз.

Второто место со 1,73 секунди послабо време од победничката го освои нејзината сонародничка Стејси Кук, додека третото место го поделија Марија Хефл-Риш од Германија и Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Словенката Тина Мазе која го освои 20-то место го задржа лидерското место вкупниот поредок во Светскиот куп со 321 бод, зад неа следуваат Катрин Цетел со 260 и Хефл-Риш со 234 бодови.

Дамите, во сабота, ќе возат уште еден спуст во Лејк Луиз, а во недела во овој ски центар на програмата е трката во супервелеслалом.

Макфакс

loading...
Loading...