Инерхофер победи во Бивер Крик

Loading...

Италијанецот Кристоф Инерхофер, победи на втората спуст трка во новата сезона, која в рамките на Светскиот куп, се одржа во Бивер Крик, САД.

Инерхофер, до четвртата победа во кариерата, стигна со време од 1:41.69 минути.

Победата во Бивер Крик е втора во спуст за Инерхофер, претходната победа ја имаше забележано во декември 2008 година во Бормио.

Второто место со задоцнување од 23 стотинки го освои Норвежанецот, Аксел Лунд Свиндал, кој победи минатиот викенд на спустот кој се одржа во Лејк Луиз. Третото место му припадна на сонародникот на Свиндал, Четил Јансруд, чие време беше за половина секунда послабо од она на Инерхофер.

За најдобрата тројка се пласира Австриецот Флоријан Шајбер, кој направи вистинска

сензација стартувајќи од 42-ра стартна позиција.

Од петтото до десетото место се наредија: Париз (Италија), Штрајбергер (Австрија), Клари (Франција), Фил (Италија), Крел (Австрија) и Дефаго (Швајцарија).

Натпреварите во машка конкуренција во Бивер Крик ќе продолжат и викендов, во сабота ќе се вози супервелеслалом, а во недела велеслалом. Скијачите следната спуст трка ќе ја возат на 15.декември во италијанската Вал Гардена.

Макфакс

loading...
Loading...