Хит Леџер требало да го глуми Бетмен

Loading...

Режисерот Кристофер Ноул неодамна изјави дека улогата на заштитникот на градот Готам требаше да му припадне на Хит Леџер. Токму тој бил првиот избор за главниот лик во филмот, но како што знаеме, Хит Леџер заврши со улогата на Џокер и за истата постхумно доби и Оскар.

 

Првата реaкација на понудата за улогата во The Dark Knight на Леџер била дека тој не сака никогаш да се појави во филм базиран на стрип, па така таа улога му припадна на Кристофер Бејл. 

 

“Беше одлучен во врска со тоа. Не сакаше во никој случај да глуми во филм за суперхерои. Но успеав да му објаснам што сакам да направам со Batman Begins и тој конечно ме сфати.”– изјави режисерот.

 

Тој зборуваше и за искуството како било да се работи со починатиот актер. “Му помагав за улогата на Џокер. Знаев дека може да ја долови толку добро, само му требаше малку помош, па затоа му пратив литература. Тој го читаше Френсис Бекон и книгата A Clockwork Orangeсо цел да се подготви подобро и да се соживее со ликот. Со месеци се припремаше за улогата која ја доби уште пред да биде напишано сценариото”.

 

 

loading...