Германците најдобри во тимските скокови во Кусамо

Репрезентацијата на Германија победи на првите тимски скокови во новата сезона, во Светскиот куп.

На скокалницата во финскиот Кусамо, Германците до победата стигнаа со вкупно 1.104,1 бодови, тие настапија во состав: Велингер, Нојмајер, Фрајтаг и Фројнд.

Второто место им припадна на актуелните освојувачи на Светскиот куп, кои во Кусамо настапија во состав: Лојцл, Фетнер, Шлиренцауер и Моргенштерн.

Репрезентацијата на Словенија која настапи во состав: Крањец, Тепеш, Хвала и Превц, го освои третото место.

Натпреварите во Кусамо продолжуваат во сабота, кога на програмат се индивидуалните натпревари.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: