Ким Кардашијан одбива да го врати вереничкиот прстен од 2 милиони долари

Loading...

Ким Кардашијан овие денови често е на телефон со адвокатот бидејќи нејзиниот развод од Крис Хамфри е на самиот крај.Додека кошаркарот бара поништување на бракот бидејќи смета дека е прелажан, старлетата бара класичен развод и одбива да му го врати свршеничкиот прстен вреден два милиони долари. 

Крис Хамфри на сите начини се обидува да си го поврати прстенот за кој дал толку многу пари. Дијамантскиот прстен од 20,5 карати, во предбрачниот договор е договорено дека и припаѓа на Ким. Додека правната битка не се стиши, ѕвездата на реалното шоу ја користи приликата за да го прошета светот.

Како што пренесува Дејли Мејл, таа неколку дена поминала во Кувајт каде граѓаните се бунеле за нејзиното пристигнување. Народот на Кувајт смета дека нејзините вредности се косат со нивните традиционални религиозни луѓе. Според нив нејзината посета би можела лошо да влијае на младината. 

 

loading...