Џејмс Бонд и Хобитите во трка за Оскар!

Loading...

Филмовите “Avengers”, “The Dark Knight Rises” и “The Amazing Spiderman” се дел од 10-те филмови кои би можеле да бидат номинирани за наградата за визуелни ефекти на 24 февруари. 

Уште седум филмови се објавени како дел од трката за номинации, вклучувајќи го и новиот филм за Џејмс Бонд, “Skyfall”, а тука се и “SnowWhite and the Huntsman”, “The Hobbit – An unexpected journey”, “Cloud Atlas”, “Life of Pi”, “Prometheus” и други. 

Членовите на академијата задолжени за оценување на визуелните ефекти ќе прегледаат 10-минутни исечоци од секој од овие филмови на 3-ти јануари и ќе изберат номинирани филмови за наградата Оскар. 

Номинациите за 85-тото издание на Оскарите ќе бидат објавени на 10-ти јануари. 

loading...