Што ги тера жените на неверство

Некои мажи ќе речат дека женското неверство е многу поболно и поверодостојно за крај на врската за разлика од машкото кое се сервира како „Добар ден“.

Кој повеќе изневерува, мажите или жените – е уште една дилема!

Статистиката ги обвинува мажите, бидејќи поголем е процентот на мажи кои посегнуваат врската да ја претворат во љубовен триаголник. Во САД тој процент изнесува 22, за разлика од 14 – те проценти  на жени кои се обидуваат да го направат истото.

Мажите имаат свои причини за неверството, но да видиме што сметаат за женското неверство!

Мажите ги открија седумтте најпопуларни причини кои би можеле да доведат до обидот да бидат заменети:

Недостаток на секс

„Сексуално незадоволените жени знаат зошто ги изневеруваат мажите кои не им угодуваат во постелата. Задоволството кое изостанува и рутината од која ви се приспива се одговорни за да побарате маж кој ќе одговори на вашите апетити.“ – Игор

Зголемување на самодовербата

„Кога комплиментите изостануваат, а вниманието од партнерот го руши секој симбол на женската самодоверба, како никогаш порано имате желба да се чувствувате посакувана и да знаете дека зрачите со убавина и сензуалност. Во тоа може да ви помогне некој друг маж!“ – Петар

Сакате да станете лоша девојка

„Желбата да се претставите како девојка која ги руши стандардите и која ја засенува класиката на врската, сигурно ве наведува на идејата да бидете „лоша“ девојка која истовремено излегува со двајца или повеќе мажи.“ – Андреј

Одмазда за машкото неверство

„Неверството е идеален женски начин на одмазда за неговото неверство или обид за тоа. Дури и ако тој заборавил на вашиот роденден или годишнината од врската му се заканува ризик да станете неверна партнерка.“ – Ангел

Недостаток на топлина во врската

„Кога ви недостигаат прегратките, бакнежите, нежните зборови и признанијата во љубовта, страдате за емотивна поддршка и внимание од партнерот. Помалку романтика од негова страна значи и поголеми шанси за женско неверство.“ – Влатко

Недостаток на почит

„Кога се трудите, а партнерот тоа го сфаќа како должност и не покажува никаква благодарност или почит кон вас, првата женска идеја е тоа да го побарате во нечие туѓо машко однесување.“ – Дарко

Сакате да замине, но не се одлучувате до крај

„Кога сакате да ја прекинете врската, а немате доволно храброст тоа да го сторите на директен начин од било кои причини, неверството е опција број еден за да вашиот партнер стави крај на врската во која сте останале присилно.“ – Мартин

Пронајдете не на следниве мрежи: