Новиот X-box на Мајкрософт пристигнува за празниците – наредната година

Новата генерација на конзолата X-box на Мајкрософт треба да излезе во продажба пред Божиќ наредната година, објави Bloomberg. Сегашната верзија е на пазарот веќе 7 години, па време е за хардверска надградба. Како што пишува Bloomberg, луѓето од Мајкрософт сеуште не одлучиле дали ќе го претстават новиот X-box на саем како што е Е3 во јуни или на посебно претставување посветено само на оваа конзола. 

Ова додатно го потврдува и документот кој е објавен пред половина година, а во кој се опишува планот за развој на нова генерација на конзоли, која треба да оди во комбинација со наочари за виртуелна реалност и многу подобра поддршка за “cloud-игри”. Ars Technica пишува дека во овој документ, кој во јавноста протекол непланирано, имало и информации за цената на оваа конзола на иднината – 299 долари. На неколку места се опишувани и хардверските компоненти според кои конзолата треба да биде 6-8 пати подобра од својот претходник. Но, со оглед на тоа што документот е од 2010 година, а Мајкрософт не потврди дека истиот е автентичен, многу е веројатно дека многу нешта се променети од тоа што е напишано таму. 

Пронајдете не на следниве мрежи: