Најмалку девет мртви при уривањето на тунелот во Јапонија

Loading...

Најмалку девет лица загинаа во делумното уривање на тунел во Јапонија во неделата, соопштија во понеделник јапонските медиуми.

Претходните податоци на Националната агенција за управување со пожари и природни катастрофи говореа за шест мртви, од кои пет лица јагленисани во едно запалено возило, како и еден возач на камион, извлечен повреден, кој подоцна починал во болница.
Агенцијата Кјодо во понеделник наутро јави за уште три смртни случаји, на три постари лица, еден маж и две жени кои се наоѓале во едно возило.
Јапонското Министерство за сообраќај во понеделник нареди инспекција на сите тунели слични на оној што се урна во неделата.
Јапонската влада вети детална истрага и најави дека ќе бидат потребни нови инвестиции во патната инфраструктура, која, како и тунелот, датира од периодот меѓу 1950 и 1970 година.
„Сметаме дека староста е една од главните причини“, изјави претставник на компанијата Некско, која управува со тунелот во кој се случи несреќата, на 80 километри западно од Токио.

Макфакс

loading...
Loading...