“Се колнам дека носам долна облека”

 

Колку многу ужива оваа идна мајка во улогата на трудница покажа и на својот твитер профил со објавувањето на неколку фотографии.

Па така на своите обожаватели, Амбер Роуз, која е верена со музичкиот продуцент Виз Калиф, им покажа колку и пораснал стомакот во последното тримесечје од бременоста.

Таа е трудна веќе седми месец, а на фотографиите што ги објави напиша: “Се колнам дека носам долна облека, но мојот стомак е толку голем да ништо не се гледа!”

Моделот често објавува слики на својот твитер профил со цел нејзините фанови да бидат во тек со сите случувања во нејзиниот живот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: