Украинската влада поднесе оставка

Loading...

Украинскиот претседател Виктор Јанукович во понеделникот ја прифати оставката на премиерот Микола Азаров и неговиот владин кабинет, објави кабинетот на претседателот на Украина.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека владата ќе ги извршува своите должности до изборот на новиот министерски кабинет.
Медиумите претходно пишуваа дека премиерот Микола Азаров побарал од претседателот да ги отпушти членовите на владата коишто се избрани во парламентот на изборите на 28-ти октомври, меѓу кои е и самиот.
Во текот на две ипол година како премиер, Азаров се обидуваше да ја заживее задолжената украинска економија којашто претрпе тешки загуби од рецесијата во 2009 година. Исто така, ги водеше тешките и досега неуспешни преговори со Русија којашто ја снабдува Украина со енергенси, обидувајќи се да го убеди рускиот врв да ја намали цената на природниот гас.
Претседателот Јанукович има можност повторно да го именува Азаров за премиер или, пак, на таа должност да го постави директорот на централната банка Сергиј Арбузов, со кој украинскиот претседател е во пријателски односи.

Макфакс

loading...
Loading...