Групацијата „Триглав“ оствари нето добивка од 50,5 милиони евра во трите квартала

Loading...

Словенечката групација „Триглав“ оствари нето добивка во износ од 50,5 милиони евра за трите тримесечја од 2012 година, при што нето добивката на матичната компанија изнесува 39,2 милиони евра.

Во периодот од 1-ви јануари до 30-ти септември 2012 година, Групацијата Триглав има пресметано бруто премии за осигурување и ко-осигурување во износ од вкупно 732,1 милиони евра. Комбинираниот количник на Групацијата во периодот на известување е поволен и достигна 91,8 отсто, објави во понеделникот словенечката компанија присутна и на македонскиот пазар.
На седницата на Надзорниот одбор одржана минатиот четврток беше одобрен неревидираниот Времен извештај на „Заваровалница Триглав“ и на Групацијата Триглав за споменатиот период.
Во првите три квартали од 2012 година, нето добивката на Групацијата Триглав изнесува 50,5 милиони евра, а објавената добивка пред оданочувањето изнесуваше 62,6 милиони евра. Постигнатите резултати од страна на Групацијата Триглав се должат на доследното придржување до стратешките насоки, фокусирањето на профитабилност во основната дејност на осигурување, примената на добро дефинирана политика за управување со ризици, соодветната политика за преземање ризици и реосигурување, како и примената на мерки насочени кон олеснување на финансиската криза.
Во првите девет месеци од 2012 година, Групацијата Триглав објави вкупно 732,1 милиони евра во бруто полисирани премии за осигурување и ко-осигурување. Интензивното управување со осигурителните и техничките резултати од неживотно осигурување го подобри коефициентот на штети на матичната компанија и на Групацијата. Комбинираниот количник на Групацијата во неживотно осигурување, којшто претставува индикатор за профитабилност во основната дејност на осигурување, изнесува 91.8%.
Случувањата на пазарот на капитал имаа големо влијание врз резултатите од деловното работење на Групацијата Триглав, при што разновидните финансиски инвестиции го претставуваат поголемиот дел од вкупните основни средства на компанијата. Глобалната финансиска криза предизвика опаѓање на пазарот и покрај конзервативната инвестициска политика на Заваровалница Триглав и на Групацијата Триглав, што резултираше со намалување на вредноста на дел од инвестициите. Ова главно се одрази преку намалување на нето добивката. Во првите девет месеци од 2012 година, Групацијата Триглав претрпе трајно намалување на финансиските средства во износ од 35,5 милиони евра.
Во првите три квартала од 2012 година, Заваровалница Триглав оствари нето добивка од 39,2 милиони евра, при што добивката пред оданочувањето изнесуваше 50,1 милиони евра. Бруто полисираната премија за договори за осигурување и ко-осигурување само на матичната компанија изнесуваат вкупно 513,3 милиони евра. Комбинираниот количник на Заваровалница Триглав во неживотно осигурување изнесува 85,4 отсто.
На седницата е усвоен нацрт-план за редовните седници на Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за фискалната 2013 година.

Макфакс

loading...
Loading...