Косор: Со години не сум имала маж покрај себе

Loading...

Поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор изјави дека силно ја погодувале гласините дека имала љубовници додека била на чело на Владата, затоа што не биле вистинити.

„Вистината е многу полоша, јас долги години не сум имала никој, ниту еден маж кој би бил покрај мене. Мислам дека би имало многу помалку подметнувања, лаги, дворски игри доколку имав сопруг, партнер, било кој, кој би бил покрај мене“ вели Косор за весникот „Јутарњи лист“.
Таа додаде дека и понатаму верува во институцијата брак. На прашањето дали би се омажила уште еднаш, Косор низ смеење изјавила дека не го кажала тоа.
Косор се пожалила дека долго време не добила комплимент којшто им се дава на жените, но не знае дали би верувала на таков комплимент кога би го добила, иако би било убаво да го слушне.
„Тешко е да се занимавате со работа во која владеат мажите. Многу жени кои се занимаваат со политика не сакаат тоа да го признаат, но јас го признавам. Многу пати сум слушнала од кулоарите, па и од моите најблиски дека треба да се вратам во кујната“ вели Косор.

Макфакс

loading...
Loading...