недела, 15 ноември 2026
Најново

Парламентарните избори во Албанија на 23 јуни догодина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Следните парламентарни избори во Албанија ќе се одржат на 23 јуни 2013 година, одлучи со декрет претседателот Бујар Нишани во понеделникот.

Датумот на изборите беше усогласен на неодамнешните средби на претседателот Нишани со преставници на двете најголеми партии во земјата, владејчката Демократска партија и опозициската Социјалистичка партија.
Претходно, албанскиот премиер Сали бериша ги повика ОБСЕ и другите меѓународни организации да пратат што поголем број набљудувачи на изборите.
Од друга страна, лидерот на социјалистите Еди Рама пред меѓународниот фактор се жали дека власта повторно ќе прави манипулации, онака како што според него се случило на последните избори во 2009 година.

Макфакс

Поврзани вести