И Папата со свој Твитер профил

Ватикан објави дека официјалниот „Твитер“ профил на папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде @pontifex. Во соопштението на Ватикан се наведува дека Папата ќе почне да праќа твитови на 12 декември.

 

– Името е добро. Значи папа, како и градител на мостови, изјави највисокиот советник на Ватикан за медиуми, истакнувајќи дека Папата сака да стигне до сите.

Првите твитови на Папата ќе бидат одговори на прашања упатени до @pontifex.

Твитовите ќе бидат на португалски, германски, полски, арапски и француски јазик. Во иднина ќе бидат додадени уште јазици.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: