Европската филмска награда за ’Љубов’ на Хенеке

Филмот на славниот австриски режисер и сценарист Михаел Ханеке „Љубов“, приказна за двајца пензионирани париски професори по музика кои се соочуваат со тешката болест на еден од нив, е апсолутниот победник 25-то  доделување на Европските филмски награди.

Откако на годинешниот престижен филмски фестивал во Кан, филмот „Љубов“ на Австриецот Михаел Ханеке ја освои највисоката награда Златната палма, на свеченоста во саботата навечер во Ла Валета, главниот град на Малта, ги освои наградите за најдобар европски филм, за најдобар режисер и за најдобри женска и машка насловна ролја.
Станува збор за топол филм кој зборува за љубовта и пожртвуваноста, за кој се очекува дека на доделувањето на Оскарите идната година да излезе од категоријата странски филм, снимен е во Париз, на француски јазик и со француски актери, и да се најде во компетицијата за една од главните категории, оцени филмскиот критичар на британскиот весник The Guardian.
На прес-конференцијата Ханеке покажа љубезна воздржаност наспроти формалните признанија. „Тоа е многу пријатно чувство. Сметам дека треба да се почитува секој поединечен гледач“, рече австрискиот режисер.
Ѕвездите на оваа впечатлива драма не можеа да присуствуваат на доделувањето на наградите за лично да ги преземат, имено 82-годишниот Жан-Луј Трентињан се наоѓа на театарска турнеја, додека 86-годишната Емануел Рива се разболела од грип.
Од другите филмови позабележително минаа британската екранизација на култниот филм на Џон Ле Кар, „Џандар, Дама, Крал, Шпион“, за сценографија на Мари Дјурковиц и за музика на Алберт Иглезиас, додека ремек-делот на Стивен Мекквин „Срамота“ е награден за фотографијата на Шон Бобит и за монтажата на Џо Волкер.
Наградата за најдобро сценарио им припадна на Тобиас Линхолм и Томас Винтерберг за данската драма „Лов“, приказна за учител во основно училиште погрешн обвинет за злоставување малолетници.
За Европско откритие на година е прогласен холандскиот филм „Каубој“ на холандскиот режисер Будевијин Кооле, а за најдобар европски документарен филм е прогласен „Зимски номади“, Швајцарецот Мануел вон Стирлер, која всушност претставува филмувана студија за швајцарските овчари.
„Најдобар анимиран филм е чешко-германската-словачка копродукција „Алоис Небел“, а романскиот „Супермен, Спајдермен или Бетмен“ е најдобриот кус фил, додека наградата за најдобар филм според изборот на публиката го доби белгиската хумористична драма „Аста ла виста“ за тројца хендикепирани девственици кои тргнуваат на турнеја по винските патишта во надеж дека нивната авантура ќе се претвори во сексуална одисеја.
Доделени беа и наградите за животно дело, која оваа година му припадна на италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи, додека Хелен Мирен е наградена за европскиот придонес на светската кинематографија. Славниот Бертолучи на доделувањето на наградите се појави во инвалидска количка – „Устата ми е премногу сува за долги говори“, рече посакувајќи им на европскиот филм и на манифестацијата „долг живот“. Хелен Мирен, пак, предизвика смеа и овации од публиката „Ви благодарам што ми искажавте голема чест препознавајќи дека и јас сум е… курва. И многу, многу сум горда на тоа“, изјави Мирен. Нејзиниот говор всушност беше реминисценција на описот на актерската професија изречена од француската актерка Жана Моро, кога пред пет години ја преземаше истата награда.
Годишните награди што Европската филмска академија ги доделува на европските филмови, режисери, продуценти и актери за највисоките дострели во европската кинематографија се резултат од гласањето на 2.700 членови на Академијата. Секоја втора година домаќин на свеченоста е германската престолнина Берлин, каде што пред 25 година ја втемели режисерот Вим Вендерс како пандан на американските Оскари.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: