Вашингтон им одаде признание на Дастин Хофман и Лед Цепелин

Вашингтон во неделата им одаде признание со главната награда за главниот град на САД на славниот актер Дастин Хофман и на бендот Led Zeppelin чии членови американскиот претседател Барак Обама на шега ги замоли да не ја демолираат Белата куќа.

Претседателот Барак Обама ја направи шегата на сметка на легендарните ексцеси на Led Zeppelin од 1970-те година.
Трите членови на групата, 68-годишниот гитарист Џими Пејџ, 66-годишниот басист Џон Пол Џонс и 64-годишниот пејач Роберт Плант, примија поединечни награди, како и 75-годишниот Дастин Хофман.
„Овие типови го редефинираа рокенрол стилот на животот“, изјавил претседателот Обама на приемот во Белата куќа.
Во периодот кога овие Британци владееја на рокенрол сцената „имаше уништени хотелски соби“, додал американскиот претседател. „Значи, добро е оваа свеченост што ја организираме во сала чии прозорски стакла се дебели 10 сантиметри и со присуство на агентите на Тајната служба по сите агли од просторијата“, се пошегувал Обама.

На годинешново примање 35-то примање на наградите во Кенеди центарот им беше одадено признание и на 72-годишната балерина Наталија Макарова, на 76-годишниот блуз музичар Бади Гај,  и на 65-годишниот телевизиски водител Дејвид Летерман.
Неколку часа подоцна, на гала вечерата на кои се собрале добитниците во салата на Кенеди центарот, Дастин Хофман, легендарниот актер од брилијантните филмови „Дипломец“, „Маратонец“, „Тутси“…, добил ироничен „омаж“ од Роберт Дениро, кој го нарече „првокласен давеж“.
„Дастин, ти си првокласен давеж. Претходно актерите беа пристојни. Дојде Дастин и актерите можеа истовремено да бидат вистински актери и ѕвезди. Го разби моделот на пристојна ѕвезда“, изјави главниот јунак од легендарниот филм „Таксист“, заблагодарувајќи му се на Дастин Хофман „што го инспирирал и самиот да биде давеж“.
На Бади Гај признанието му го одаде актерот Морган Фримен.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: