Во БиХ уапсени 17 криумчари на луѓе

Loading...

Граничната полиција на Босна и Херцеговина потврди во вторникот дека рано утрото спровела акција за прекинување синџир за шверцување луѓе кон земјите од западна Европа, а целата акција била спроведена во координација со полициите на Хрватска и Словенија.

Како што се наведува во соопштението на граничната полиција на Босна и Херцеговина, во операцијата со кодно име „Лока два“ биле пребарани 12 локации на подрачјата на Сараево, Брчко, Орашје и Живници.
Полицијата влегла во трагата на организирана криминална група која се занимавала со шверцување на државјани од Турција во земјите од западна Европа.
Притоа уапсена е група од 17 лица кај кои се пронајдени два пиштола, три пушки и пет рачни бомби.

Макфакс

loading...
Loading...