Македонските ракометарки на мегдан против силните Французинки

Македонската женска ракометна репрезентација предводена од селекторот Гино Стрезовски, денес со почеток од 18 часот ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција во рамките од првото коло на Европското Првенство што се одржува во Србија.

„Франција е прв фаворит во Ниш, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме, против сите ќе го оставиме срцето на терен и ќе одиграме максимално борбено“ беше дел од изјавата на Робертина Мечевска за „НоваМакедонија“.

„Се ќе зависи од нашата игра во одбраната, доколку успееме да изиграме пред сопствениот гол онака како што работевме последната недела на тренинзите, тогаш имаме реални шанси за вториот круг“ беше дел од изјавата на Наташа Младеновска за „НоваМакедонија“.

Пронајдете не на следниве мрежи: