Филип Јиха најдобар за 2012-та година

Чешкиот интернационалец од редовите на германски Кил, Филип Јиха, е избран за најдобар светски ракометар за 2012-тата година, според анкетата на „Хендбал планет“.

Гласањето на интернет-страната „Хендбал планет“ траеше три недели, а за тоа време гласаа 18 000 посетители.

Покрај Јиха, на листата се најдоа и Михаел Хансен (ПСЖ), Гудјон Валур (Кил), Ким Андерсон (Колдинг), Игор Вори (Хамбург), Тиери Омејер (Кил) и Лук Абало (ПСЖ).

На листата за најдобри тренери се најдоа Алфред Гисласон (Кил), Урлих Виберг и Клод Онеста.

Пронајдете не на следниве мрежи: