Голем пораз од Франција, Дијана Наумоска најдобра во нашиот состав

Пораз на стартот од Европското Првенство во Србија на нашата женска ракометна селекција, бевме поразени од силната селекција на Франција со резултат 29-16, на полувремето од мечот резултатот гласеше 15-10.

Дијана Наумовска забележа 10 одбрани на голот на нашата селекција и во мошне клучни моменти од мечот им даде можност на нашите репрезентативки да го ублажат водството на Французинките, но силната селекција на Франција едноставно беше „голем залак“ за нашата селекција.

Во селекцијата на Франција најефикасна беше Бадуин со постигнати 8 гола на мечот.

Во нашиот табор Николиќ со 6 погодоци беше најефикасна.

Следниот натпревар го играме против селекцијата на Шведска во четврток со почеток од 18,15 часот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: