Шведска во финишот ја ‘скрши’ Данска

Loading...

Ракометарките на Шведска, забележаа победа над Данска со 27:26 (13:15), во натпревар, со кој беше комплетирано првото коло во Б групата на Европското првенство во ракомет за жени.

Шведските ракометарки до победата стигнаа со пресврт, откако во неколку наврати противничките имаа предност и од пет голови.
Швеѓанките до победата стигнаа во последните 12 минути, кога ја стигнаа и престигнаа разликата која до тој момент ја градеа противничките. Јохана Алм со 10 погодоци ја предводеше Шведска до првата победа на Европскот првенство.
Претходно во оваа Б група Франција ја декласира Македонија со 29:16.
Во второто коло, кое на програмата е в четврток ќе играат Македонија-Шведска и Франција-Данска.
Првиот ден на 10-то ЕП донесе неколку возбудливи натпревари, Хрватска ја победи Унгарија со 28:27, а Русија извлече бод против Романија, иако во последните две минути имаше негатива од 19:21.

Група А (Белград):

Украина-Чешка 22:25 (7:12)

Норвешка-Србија 28:26 (17:12)

Група Б (Ниш):

Франција-Македонија 29:16 (15:10)

Шведска-Данска 27:26 (13:15)

Група Ц (Нови Сад)

Германија-Шпанија 20:23 (12:13)

Хрватска-Унгарија 28:27 (15:14)

Група Д (Вршац):

Црна Гора-Исланд 26:16 (10:7)

Романија-Русија (12:7) .
Макфакс

loading...
Loading...