Внимавајте на своите пари: Еве како Facebook може да ве ограби!

Facebook постојано воведува новитети на својата социјална мрежа, обидувајќи се да го подобри искуството на користење и на корисниците да им овозможи некои нови опции. Една од тие нови опции која неодамна беше претставена е можноста за автоматска синхронизација на фотографиите од iPhone, како и телефоните кои го користат оперативниот систем Андроид – со Facebook. Откако ќе ја одберете оваа опција, фотографиите автоматски се прикачуваат на друштвената мрежа. 

Треба да се напомене дека фотографиите се прикачуваат во приватен албум, кој е видлив само за сопственикот на профилот, така што не постои страв дека тие ќе се појават некаде каде што може да ги видат непосакувани очи. Од овој приватен албум, фотографиите можат дополнително да се споделат. 

Иако за многумина оваа опција ќе биде корисна, затоа што на овој начин автоматски добивате копии од фотографиите, како и секогаш кога е во прашање Facebook, постојат одредени потенцијални проблеми и замки на кои корисниците мораат да внимаваат. 

Прво, прашање е дали навистина сакате сите свои фотографии да ги предадете на Facebook, затоа што оваа друштвена мрежа и онака веќе знае повеќе од доволно за вас, а доколку синхронизацијата е автоматска, сигурно треба да помислите дека некогаш можеби ќе имате некои фотографии кои не би сакале да ги споделите со Зукерберг. 

Друг проблем е тоа што оваа опција би можела да ве чини многу пари, затоа што фотографиите, освен преку Wi-Fi, можат да се синхронизираат и низ мобилната мрежа, па корисниците поради големиот број прикачени слики би можеле да потрошат многу пари на преносот на податоци, во зависност од нивниот договор со мобилниот оператор. 

На овој проблем предупредува новинар од Форбс, кој изјавил дека ако корисниците можат сами да си ги менуваат овие опции (на пример, може да се активира опција фотографиите да се синхронизираат само преку WiFi) , дел од нив на тоа веројатно нема да обрнат внимание. 

Facebook вели дека синхронизациајта се одвива штом е тоа можно, па така, ако се наоѓате на некој излет или сте излезени навечер, овие слики веднаш ќе се прикачуваат на социјалната мрежа и ќе се врши пренос на податоците. Иако се повеќе корисници користат пакети кои имаат барем 500mb или 1GB дозволен промет, секогаш постои можност дека поради големиот број пратени фотографии, корисниците ќе го потрошат тој пакет, па ќе почне да им се наплатува преносот на фотографиите, особено на крајот на месецот, кога пакетот е при крај. 

Од Facebook велат дека фотографиите кои ќе се синхронизираат од мобилните телефони ќе бидат намалени до големина од околу 100KB, но исто така предупредуваат дека прикачувањето со користење на мобилната мрежа може на корисниците да им донесе дополнителни трошоци – со оглед на цените за пренос на податоци вон одредените пакети, тие трошоци би можеле да бидат големи, особено знаејќи дека Facebook дозволува пренос и синхронизација до 2GB фотографии. 

Ако сакате сите свои фотографии од телефонот да ги ставите на Facebook, ви препорачуваме во опциите да одберете синхронизација само по пат на WiFi мрежа, со што би се заштитиле од потенцијални трошоци. 

Пронајдете не на следниве мрежи: