Повеќето луѓе секојдневно користат антибактериски влажни марамчиња, но многумина не се свесни дека ги користат погрешно во одредени ситуации. Овие 10 грешки треба да престанете да ги повторувате.
9 грешки што ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња
1. Ги користите влажните марамчиња за повеќе од еден предмет
Можеби ви изгледа како добра идеја да заштедите марамчиња и како поедноставен начин да ја исчистите целата кујна со едно или две марамчиња, но постојат неколку причини зошто ова не е баш добра идеја.
Користејќи едно марамче може да ги раширите бактериите од една површина на друга. Исто така, едно марамче не може ефикасно да ја исчисти секоја од тие површини.
2. Не ја читате етикетата
Иако тоа може да ви изгледа здодевно, читањето на етикетите може да ви помогне да го извлечете максимумот од влажните марамчиња. Така, можете да откриете колку време површината треба да остане влажна по бришењето за да се уништат сите бактерии, а тоа е околу 3-4 минути. Исто така, на етикетата пишува за кој вид микроби се наменети марамчињата, па затоа не е добра идеја да претпоставувате дека сите марамчиња се за секаква употреба.
3. Ги фрлате во тоалетот
Некои марамчиња може да се фрлат во тоалетот, но дури и да го пишува тоа на етикетата, размислете пред да го направите тоа затоа што можеби е подобро да ги фрлите во корпа за отпадоци.
Влажните марамчиња се подебели од тоалетната хартија, не се распаѓаат лесно и може да се заглават во цевките и да го заглават тоалетот.
4. Го чистите екранот на мобилниот телефон со нив
Антибактериските марамчиња не треба да ги користите за сè. Важно е да ги исчистите и да ги дезинфицирате вашите мобилни уреди, но со влажните марамчиња можете да направите само штета.
Со влажните марамчиња можете да ги исчистите тастатурата и задниот дел на мобилниот телефон, но не и екранот. Влажните марамчиња содржат хемикалии што можат да ја оштетат површината на екранот.
5. Ги користите на валкани површини
Ако ги користите на валкани површини, може да ја раширите нечистотијата и на другите делови од просторијата. Валканата површина ја отежнува дезинфекцијата, па затоа прво исчистете ја површината со сапун и вода, а потоа избришете ја со влажно марамче.
6. Ги користите откако ќе им помине рокот на траење
Веројатно сте забележале дека на секое пакување е наведен рокот на траење. Ако рокот не е наведен на амбалажата, не треба да ги користите повеќе од две години по купувањето бидејќи може да го изгубат мирисот.
7. Ги користите за чистење на детските играчки или на садовите за храна за домашните миленици
Влажните марамчиња за деца имаат поблаги состојки, па затоа не се толку штетни ако детето случајно ги става во уста, за разлика од оние што се наменети за површини. Затоа, избегнувајте да ги користите за чистење на садовите за храна на вашите миленичиња или за чистење на детските играчки.
Влажните марамчиња содржат хемикалии што остануваат на површините што ќе ги исчистите. Кој било предмет што детето или животното може да го стави во уста треба да се исчисти со средства на база на вода што не содржат хемикалии.
8. Не внимавате каде и како ги чувате
Најважно е да бидете внимателни при затворањето на амбалажата, така што марамчињата да не бидат изложени на воздух и на тој начин да не се исушат. Повеќето влажни марамчиња содржат алкохол што ќе испари ако не ги затворите правилно. Исушените марамчиња немојте да ги користите за бришење на површините бидејќи од нив немате никаква корист.
9. Ги користите на дрвени површини
Влажните марамчиња може да ја оштетат дрвената површина бидејќи дрвото може да ја апсорбира течноста од марамчињата и да останат дамки. Ова е уште една причина зошто треба да ја прочитате етикетата. Постојат одредени влажни марамчиња кои се наменети исклучиво за дрвени површини, па затоа внимавајте кога купувате.