9 совети за сексуалниот живот кои треба да ги знае секоја девојка

Вашиот сексуален живот ќе биде онаков каков што сами ќе си го направите. За да биде уште подобар и повозбудлив, следете ги следниве совети:
1. Кажете што сакате
Не треба да ви е срам да ги искажете своите желби. Никој не може да ви ги прочита мислите, а понекогаш е тешко да ги разберете скриените знаци.
2. Почитувајте ги желбите на партнерот
Доколку ви даде до знаење дека не е расположен за секс, прифатете го тоа и задоволете се со прегратка или бакнеж. Сигурно и вие не сте секогаш расположени.
3. Не бегајте
Никогаш немојте да се избегате скришно од неговиот стан, особено ако сакате повторно да го видите.


4. Ослободете се од мамурлакот преку секс
После кафето и сокот од домати. сексот е најдобриот лек против мамурлакот.
5. Немојте да го осудувате по првото гледање
Првиот пат никогаш не е совршен, колку поради тремата и нервозата, толку и поради непознавањето на желбите и техниките на партнерот. Дајте си време на себе, а и на него, опуштете се и разговарајте за желбите и работите кои не ви одговараат.
6. Не ја занемарувајте предиграта
Предиграта е важна и никогаш не го заборавајте тоа. И пред да почнете со вежбање се загревате, нели?


7. Не му дозволувајте негативно да го коментира вашиот изглед
Секоја жена заслужува маж кој ќе ја почитува и прави среќна, таква каква што е. Не дозволувајте му на никој да ве навредува и да ви набројува работи кои не му се допаѓаат на вашето тело.
8. Тепањето исфрлете го од сексуалнит вокабулар
Сексуалната активност не е ситуација за детско однесување.
9. На сексот гледајте како на забава
Опуштете се и препуштете ѝ се на фантазијата, забавувајте се во текот на сексот. Освен вашиот партнер, ќе се изненадите и вие самите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.