9 супер трикови за слабеење

Чаша млеко пред спиење, мирисање ванила, подготвување храна без маснотии, се само некои од триковите со помош на кои можете слободно да заштедите и да согорите калории, да го смирите апетитот да ја измамите гладта.

Денеска се празнува Светиот апостол Филип
Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на …
Стапи на сила прекинот на огнот во Либан! Израелската армија го предупреди Либан да не се враќа на југот на земјата (фото)
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила рано утринава, откако синоќа го објави американскиот претседател Џо Бајден.Би-би-си јавува дека примирјето официјално започнало во …

Пијте вода со лимон

Пијте редовно, науто на празен стомак, најмлку една чаша обична вода со малку лимон. Размената на материи во организмот ќе се забрза и вие ќе согорите дополнителни 20 калории.

Мирисајте ванила

Мирисот на ванила ги активира хормоните на среќа во мозокот, речиси како чоколадото. Неколку капки масло од ванила ставете на шамиче и дишете. По желба, можете да употребите и мирис на јаболко или банана.

Шејк за појадок

Измиксајте 100гр малини, 250гр млеко и една лажица мед. Вистинска работа за утрото! Ќе ви помогне во надминување на утринската мрза.

Зачини наместо сол

При подготвување на храната користете помалку сол, а повеќе зачини. Солта ја задржува водата во организмот и спречува отстранување на отпадните материи. Зачините кои ве прават тенки се магдонос и босилек.

Цимет наместо слатко

Циметот ја убива гладта за слатки. Малку цимет ставете во јогурт илиџвакајте мастика со вкус на цимет.

Сенф наместо путер

Наместо путер или маргарин на леб намачкајте сенф. Пикантен е и содржи само 10 калории, за разлика од една лажица путер која има дури 40 калории.

Измамете ја гладта

Кога ќе почувствувате глад, почекајте 20 минути пред да се најадете. За тоа време во организмот ќе се создаде адреналин кој ги согорува маснотиите и регулира размена на материи во организмот. Кога доцна навечер ќе почувствувате глад, напијте се чаша млеко. Протеините од мелкото нема да ве здебелат, а ќе бидете сити.

Арома трик

Безмасното сирење извадете го од фрижидер 30 минути пред јадење. На собна температура сирењето ќе добие поинтензивен вкус и арома.

Ослободете се од маснотиите

Подготвувајте јадења без маснотии: месото или рибата зачинете ги, додадете зеленчук, замотајте во алуминиумска фолија и печете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.