Основачот на магазинот Playboy, Хју Хефнер, повторно се ожени, и тоа со „зајачицата” којашто „му даде корпа” пет дена пред нивната закажана венчавка во 2011 година.
Осумдесет ишестгодишниот Хју Хефнер и предомислената невеста, 26-годишната Кристал Харис се венчале во вторникот во канцеларијата на матичарот на Беверли Хилс во Лос Анџелес.
Интернет таблоид TMZ пишува дека двојката, којашто од почетокот на 2012 година повторно е заедно, планира свадбена прослава на новогодишната вечер.Кристал Харис беше прогласена за „зајачица” на Playboy за месецот октомври 2009 година, а во јуни 2011 година се појави на насловната страница на ова списание „за возрасни” со етикетата „побегнатата невеста” ставена преку долниот дел од нејзиното тело.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: