Холандскиот интернационалец од редовите на Фенербахче, Дирк Кајт, истакна дека би сакал да го види неговиот репрезентативен колега Весли Снајдер во дресот на Фенербахче.
Проблемите меѓу Интер и Снајдер околу договорот кренаа голем број на шпекулации од страна на медиумите во врска со иднината на Снајдер.
Дирк Кајт, холанѓанецот од редовите на Фенербахче, го повика својот колега од репрезентацијата да дојде во Фенербахче, а воедно ја повика и самата управа на клубот да го ангажира Снајдер.
„Мислам дека тој би сакал да игра овде, бидејќи му се допаѓаше сето тоа што му го кажав за Фенербахче“
„Тој би бил голем плус за турскиот фудбал бидејќи се работи за ценет и скап играч и голема победа исто така, ако ја избере оваа средина, на пример, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Сепак, на него е одлуката каде ќе ја продолжи кариерата“ изјави Дирк Кајт.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: