Видео: Тренерот на Србија влечеше Норвешка ракометарка за време на натпреварот

Loading...

 

Српскиот тренер на женската ракометна репрезентација Саша Бошковиќ, направи неспортско дело. Како што сите знаеме, во тек е европското првенство за жени, кое се игра токму во Србија.

Како домаќини, тие може да уживаат малку подобар третман од судиите но тоа мора да биде во своите граници. Имено, тренерот Бошковиќ, за време на натпреварот изигран пред два дена, ја влечеше норвешката ракометарка Лин Јорум Суланд за дресот и тоа не само еднаш. Тренерот помина неказнет. Овој потег и не е некое големо изненадување, знаејќи како се однесуваше Србија како домаќин на ракометното првентсво за мажи на почетокот на оваа година.

На крајот, Норвежанките сепак ја победија Србија со 28-26.

Погледнете како изгледаше овој неспортски потег.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...