Се урна авион во Јужноафриканска Република

Транспортен авион на јужноафриканската војска, од типот „Даглас Ц47 Дакота“, се урна во среда навечер во планинското подрачје во источниот дел на земјата, при што смртно настрадаа 11 луѓе.

Меѓу настраданите се и членовите на лекарскиот тим на поранешниот претседател Нелсон Мандела, соопштија во четврток јужноафриканските медиуми.
Како што јави локалното радио ЕВТ, лекарската екипа на Нелсон Мандела патуваше во рутинска посета на екс претседателот, но воениот портпарол официјално не ја потврди информацијата за нивното загинување.
Авионот полета од Преторија, а требаше да слета на помал аеродром најблизок до селото Куну, каде што живее 94 годишниот Мандела кога се повлече од јавниот живот.
Воениот портпарол соопшти дека остатоците од авионот се пронајдени, без да даде други информации за загинатите.
Авионот „Даглас ДЦ-3“ е американски пропелерски авион, кој првпат полета во 1935 година, донесувајќи револуција во воздушниот сообраќај во триесеттите и четириесеттите години на минатиот век.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: