’The Message’ најголем хип хоп хит во историјата

Хитот на Grandmaster Flash & The Furious Five од 1982 година „The Message“ избран е во средата за најголемиот хип хоп хит на сите времиња во првиот избор на магазинот Rolling Stone во чест на овој млад но сé повлијателен музички жанр.

Хитот „The Message“ е на првото место од листата од 50 хип хоп нумери, а беше првата снимка „којашто во ритамот на хип хопот и со вокалната сила, ја кажа вистината за модерниот живот во Америка“, пишува влијателното музичко списание Rolling Stone.
Grandmaster Flash & The Furious Five, хип хоп група од њујоршки јужен Бронкс, е основана во 1978 година и беа едни од пионерите на овој современ музички израз.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: