Папараците повторно ги снимиле на една од плажите на Барбадос каде уживаат заедно и не се одвојуваат еден од друг, а таа му помага да се движи држејќи го за рака.
Нивните пријатели за странските медиуми откриле дека се запознале минатата година и дека тој изгледа многу среќен.
Ен-Лесли, која зад себе има два брака, секако е најбогатата жена со која бил во врска. Нејзиниот последен сопруг, милионерот Честер Смит, кој стана ТВ магнат, имаше 75 години кога се омажи за него и почина само три години подоцна во 2008 година, оставајќи ја контролата врз неговиот имот од 156 хектари земјиште во Калифорнија, каде што се одгледуваат грозје и маслинки.