Најсмешното бегање од затвор до сега

Loading...

Смешна вест ни доаѓа од Бразил. Рафаел Валадо (28) кој извршува казна затвор поради кражба, се заглави во ѕид додека пробуваше да избега од затворот и со тоа ги спречи и другите двајца затвореници кои го следеа неговиот пример. Имено 4 момци со помош на алуминиумски цевки од тушот направиле дупка во ѕидот. но не го извеле планот до крај.

Откако првиот од нив успеал да се протне и извлече, 100 килограми тешкиот Валадо благодарение на својот пивски стомак се заглавил во дупката, па на крај завршил и во болница, бидејќи ги повредил ребрата додека преостанатите двајца затвореници го буткале за да се одглави. Еден од нив, како што пренесуваат бразилките медиуми, вриштел од болки, што секако ги алармирало чуварите на затворот. Тие добро се насмеале кога го пронашле 4 затвореник како беспомошно мавта со нозете, заглавен во дупката на ѕидот.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...