Убиен руски новинар на северен Кавказ

Во средата навечер во Налчик, главниот град на руската севернокавкаска република Кабардино-Бакарија е убиен новинар, за што истражната комисија на Руската Федерација објави дека претставува предупредување за другите новинари кои пишуваат за борбата против локалните криминални групации.

Од огнено оружје е убиен, најверојатно поради неговите професионални активности е убиен 28-годишниот Казбек Гекиев, водител на локалната информативна програма Вести КБР на Серуската државна радио-телевизија, се наведува во соопштението што го објави истрагата, пренесува РИА Новости.

„Во овој момент можеме да кажеме дека една од главните теории е дека убиството е поврзано со професионалната активност на Гекиев и полицијата смета дека ова дрско злосторство претставува закана за другите новинари коишто известуваат за резултатите од борбата против бандите коишто дивеат во оваа република”, изјави портпаролот на комисијата Владимир Маркин.

Како што додал Маркин, напаѓачите откако се увериле дека Гекиев е новинар и водител на информативната програма од автоматско оружје истрелале во него три куршума, што според портпаролот ја потврдува привичната теорија за мотивите за злосторството.

Станува збор за петти напад врз новинари оваа година во Русија, во кое еден беше, исто така, убиен.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: