Најмалку 475 загинати во тајфунот на Филипините

Loading...

Најмалку 475 лица загинаа, 379 се сметаат за исчезнати, додека околу 200.000 останаа без дом во налетот на тајфунот Бофа на Филипините.

Тајфунот го опустоше крајниот југ на земјата во ноќта од вторник кон среда, проследен со олуен ветер што дуваше со брзина од 210 километри на час.

Приоритет на владата во четврток е да ги пронајде исчезнатите луѓе и да изгради привремени засолништа за лицата кои останаа без куќи, изјави шефот на цивилната служба Бенито Рамос.Властите упатија бродови со храна и неопходни средства на островот Минданао, на кој три града останаа целосно отсечени од остатокот на светот. Повеќето жртви се сиромашни луѓе-дојденци, кои таму пристигнале да работат во рудниците за злато во планинските градови Њу Батан и Монкајо, најтешко погодени во невремето.

Макфакс

 

 

 

loading...
Loading...