Запленети 50 кг. марихуана во автобус на линијата Тирана-Атина

Loading...

На граничниот премин Кавакија меѓу Албанија и Грција, во четвртокот напладне се запленети 50 килограми дрога, соопшти албанската полиција.

Дрогата била откриена и запленета во автобусот со албански регистерски таблички и при акцијата се уапсени двајцата возачи на автобусот сопственост на албанската компанија Ликомета Травел од Тирана.
Дрогата е од типот марихуана и е од албанско потекло, а била наменета за грчкиот нарко пазар.

Макфакс

loading...
Loading...