Пораз и од Шведска!

Нашите ракометарки поразени и на мечот со Шведска, против селекцијата што очекувавме да бидеме барем конкурентни во текот на мечот, се случи сосема обратното и неочекуваното, пораз со 11 гола разлика.

На полувремето од мечот резултатот гласеше со резултат 8-11 во корист на Швеѓанките, и по овој одигран солиден дел од натпреварот, се чинеше дека би можеле до самиот крај да се бориме рамноправно со ракометарките на Шведска.

Но, во вториот дел мошне слаба игра, резултатот во вториот дел од натпреварот гласеше 7-15 во корист на Швеѓанките.

Во нашата селекција Бајрамоска со 4 гола беше најефикасна, додека пак во спротивниот табор Торстенсон со 8 гола беше најефикасна како кај Шведска така и општо на целиот натпревар.

Тања Андрејева натпреварот го заврши со 10 одбрани на голот, додека пак голманката на Шведска одбележа 17 одбрани на овој меч.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: