Отпадна Истанбул, Австрија се враќа во календарот на Ф1

Иако уште вчера беше соопштен официјалниот календар за трките на Формула 1, трката во Истанбул не се враќа во календарот на Светското Првенство, имено, турската влада одби да финансира дел од ова натпреварување.

Бизнисменот Вурал Ак, кој го презеде управувањето со стазата во Истанбул, рече дека постои договор со водечкиот човек во Формула 1, Берни Еклстоун, но дека конечната одлука околу сево ова ќе ја донесе турската влада, која денес соопшти дека не е заинтересирана.

Турција требаше да ја замени трката во САД, во Њу Џерси, но сега најголем кандидат за тоа е трката во Австрија.

Пронајдете не на следниве мрежи: