Ја убил својата мајка, па и држел посмртен говор

Loading...

Психијатрискиот пациент Миомир Михајловиќ (48) од Ниш, ја убил својата 75 годишна мајка и три дена го чувал нејзиното мртво тело на маса во дневната соба

Кога полицијата влегла во станот, тој се заканувал со вентил од плинска боца дека ќе ја крене цела зграда во воздух. Психијатрискиот пациент Миомир Михајловиќ (48) од Ниш, ја убил својата 75 годишна мајка и три дена го чувал нејзиното мртво тело на маса во дневната соба. Кога полицијата влегла во станот, тој се заканувал со вентил од плинска боца дека ќе ја крене цела зграда во воздух. “Полицијата го спречи овој ментално оболен човек да создаде поголема трагедија“, изјави потпаролот на полицијата. Михајловиќ во февруари 2009-тата година го отсече својот пенис и го фрли во веце шољата. 

Тој е син на убиец, а бидејќи се претставувал како верски фанатик околу телото на својата мајка поставил свеќи и икони и бил подготвен да одржи погребна церемонија, но пред тоа сакал да и одржи неколку предавања за животот и религијата. 

На влезната врата тој имал напишано “Мадона е закон“, а својата соба ја претворил во вид на светилиште, каде што имал запалено свеќи и темјан, а под својот кревет чувал икони и крстови. 

По апсењето на Михајловиќ, тој бил пренесен во психијатриска болница за примање на соодветна терапија. 

 

 

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

loading...
Loading...