Македонската женска ракометна репрезентација го загуби и третиот меч на Европското Првенство во Србија, овој пат забележавме пораз со резултат 37-30 од селекцијата на Данска.
Во првото полувреме резултатот гласеше 17-13.
Вториот дел гласеше со резултат 20-17.
Многу подобра игра од нашите репрезентативки на овој меч споредено со претходните два дуели. Постигнавме 30 погодоци против солидна селекција како Данска, и реално тоа беше максимумот од нашите репрезентативки.
Кај нашата селекција најефикасни на мечот беа Црвенковска и Николиќ со постигнати 7 голови.
Кај Данките, Аугестесен со 8 погодоци беше најефикасна во својата селекција и општо земено на целиот натпревар.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.