Енди Мареј ќе се обиде да биде „ПОКУЛТУРЕН“ на натпреварите

Најдобриот британски тенисер Енди Мареј тврди дека ќе се труди да ги исфрли сите прости и непристојни зборови и коментари од својот речник додека е на теренот.

„Вистина е дека велам „сра.е“ или некој друг сличен и непристоен израз. Тоа е нешто што се обидувам да престанам да го правам“ изјави победникот на олимпискиот турнир за шкотски „Дејли Рекорд“.

Мареј неколку пати во својата кариера добиваше опомени од судиите поради својот речник. Тврди дека некои други играчи употребуваат многу по-непристојни коментари многу повеќе од него, но сеедно остануваат неказнети.

„Не се моите пцовки така чести како кај некои играчи од другите подрачја. Не сакам никого да именувам, но тоа што некои го говорат е навистина грозно. Но, не говорат на англиски јазик па судиите не ги разбираат нивните пцовки“ изјави Мареј.

Пронајдете не на следниве мрежи: