Кличко: Сеуште размислувам околу пензионирањето

Loading...

Светскиот првак во бокс по ВБЦ верзијата во супертешка категорија, 41-годишниот украинец Витали Кличко, сеуште не одлучил дали ќе ја продолжи својата кариера или во потполност ќе се посвети на политиката.

„Постојат две можности, а одлуката ќе ја соопштам не подоцна од 17-ти декември“ изјави Кличко на 9-ти ноември.

Меѓутоа, тоа сепак нема да се случи, бидејќи Кличко одлучи дека конечната одлука околу својата кариера ќе ја донесе во почетокот на 2013-тата година.

„Витали мора сериозно да размисли околу својата иднина. Со тоа одлучи дека својата одлука уште малку ќе ја пролонгира“ изјави менаџерот на Витали, Бернд Бент.

loading...