Скандинавките итаат кон полуфиналето

Комплетирано е првото коло, во Групата 1 на 10-то Европско првенство во ракомет за жени.

По одигрувањето на ова коло, Норвешка и Данска се доближија до пласманот во полуфиналето.
Бранителките на титулата, Норвежанките со фуриозна игра ја декласираа Франција со 30:19 и го задржаа првото место во групата, Данска, во ефикасно второто полувреме ја победи Чешка со 33:30.
Во последниот меч домаќинот Србија, во последните 10 минути, против Шведска, испушти предност од четири погодоци, мечот заврши без победник 23:23.
Табела: Норвешка 6, Данска 4, Србија 3, Шведска 3, Франција 2, Чешка 0.
Во вторник, на ЕП ќе се одиграат натпреварите од второто коло во двете групи, двојките се следни: Група 1: Чешка-Франција, Норвешка-Шведска и Србија-Данска – Група 2: Шпанија-Русија, Германија-Црна Гора и Унгарија-Романија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: