Во Москва забранети геј паради во следните 100 години

Loading...

Судот во Москва ја поддржа забраната за одржување паради на гордоста во главниот град на Русија во следните сто години.

Претходно, најпознатиот активист за правата на геј популацијата во Русија, Николај Алексеев, од судот побара да реагира со надеж дека ќе биде укината забраната донесена од градското собрание на Москва за одржување на парада.

Тој од судот побара право да одржува слични паради во следните сто години. Алексеев вели дека е против сличната забрана за „ширење на хомосексуална пропаганда” во Санкт Петербург.

Алексеев во петокот најави дека ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за Москва да признае дека е неправедно донесувањето на минатите, сегашните и идните забрани.

loading...
Loading...