Сештојад; Англичанец јаде мртви црви, бубачки и жаби

Луис Кол од Англија ужива да ги шокира другите, па така на Јутјуб редовно прикачува видео клипови на кои јаде разновидни “животинки' од скакулци до бубачки и црви.

 

Како што истакнува, тој до сега никогаш не се обидел да изеде жив глушец. Наводно тоа е премногу грозно.

 

Луис Кол од Лондон има апетит, а има и стомак каков што не сте виделе до сега. Имено, Кол јаде некои од најодвратните работи, па така на неговото мени можат да се најдат живи скакулци, живи црви, мртви жаби, па дури и шкорпии. Неговиот последен предизвик беа живите бубачки, кои Кол ги изеде без проблеми.

 

Верувале или не, тој ниту еднаш до сега нема повратено, а секој свој оброк тој го прикачува на Јутјуб.

 

Тој го прави сето ова бидејќи смета дека животните не треба да патат. Секоја од животинките кои тој ги јаде умира во неговата уста во рок од 5 секунди. Единственото нешто кое никогаш не би го ставил Кол во неговата уста е жив стаорец. Очигледно само тоа е премногу ''бљак''…

Пронајдете не на следниве мрежи: