Стигнува чоковијагра

Изучувајќи ги својствата на какаото, најголемите експерти за производство на чоколадо ''Barry Callebaut'' дошле до заклучок дека наскоро би можеле да направат чоколада која би била природна помош на мажите кои имаат проблем да постигнат целосна ерекција. Работата е во супстанцата наречена флаванол, која билката какао ја содржи во многу големи количини. Во стандардниот процес на производство на чоколадо, флаванолот најчесто го отфрлаат. Меѓутоа се дошло до заклучок дека таа супстанца ја забрзува циркулацијата на крвта низ организмот, најчесто во периферните органи.

 

Овие својства го содржи и фамозниот лек Вијагра, со тоа што сината пилула, делува многу локализирано, и влијае на дотокот на крв само до пенисот, и има многу непосакувани дејства. 

Затоа ''Barry Callebaut'' наскоро ќе започне со истражувања како да го издвојат флаванолот и направат вистинско турбо чоколадо, која на денешните мажи, а и на нивните партнерки ќе им помогне да доживеат чуда.

 

Во прашање е потполно природна состојка, која на обичниот маж би можела да му пружи моќ за најразновидни љубовни вештини, како на Казанова. Ова е една од највозбудливите откритија во последниов период во поглед на сексуалниот живот на мажите (а и жените).

Пронајдете не на следниве мрежи: