Читателите ги номинираа вебсајтовите на годината

Loading...

Со голем интерес од интернет-публиката, манифестиран преку повеќе од 200 предлози и над 7.200 гласови, се затвори листата на вебсајтови кои ќе учествуваат на конечниот избор за најдобри во Македонија во 2012 година.

Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава.
Почитувајќи ја селекцијата на читателите, по пет домашни страници кои од нив добиле најсилна поддршка, се најдоа меѓу номинираните во секоја од 13-те категории.
За годинашново, трето по ред, одржување на манифестацијата секоја личност, покрај стручното жири, доби шанса да пријави вебсајт според свое убедување и проценка. Освен за главната награда за најдобра интернет-страница, домашните креатори на веб-содржини ќе се натпреваруваат и за првата позиција според публика, како и дизајн.
Останатите категории се поделени според области, односно ќе се прогласи победник меѓу онлајн-медиумите што покриваат забава, вести, спорт, бизнис, невладини организации и образование. Покрај најиновативен, ќе се избере и најквалитен мобилен, сајтови за е-трговија и за државни институции, како и најдобар блог.
Kомисијата, која има шест члена, освен надгледувањето на процесот на номинирање на сајтовите, истите ќе ги оценува според техничките параметри, дизајнот, функционалноста и употребливоста, содржината, интерактивноста и иновативноста и креативноста.
Нејзин претседател е д-р Димитар Трајанов, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во комисијата членуваат и д-р Илијана Петровска, асистент професор и менаџер на маркетинг-одделот на универзитет “Американ колеџ Скопје”, Демуш Бајрами, магистер по политички науки на Универзитет на Југоисточна Европа. Дел од неа се и Горан Костовски – ind.o.g., графички дизајнер и визуелен уметник, Биљана Пешевска од адвертајзинг-агенцијата “Меккен” и Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија и член на бордот на “Ултра компјутери”.
Новина годинава е што, покрај гласовите на жирито, во вкупниот резултат ќе влезе и поддшката од интернет-посетителите. Соодносот во конечната селекција е 60 проценти од жири-комисијата и 40 отсто од веб-читателите. Гласањето на онлајн-јавноста почна на 19 ноември и траеше до 9 декември. Организатори на “Сајт на годината” се “Медиа солушнс” и системот за онлајн-реклами keepaneye.mk, под покровителство на Словачката амбасада во Македонија и “Здружението за интерактивно огласување – ИАБ Македонија”.

Финални номинации за изборот

“Сајт на годината 2012”

Најдобар Сајт за 2012 година

Офф Нет – off.net.mk

Факултети МК – fakulteti.mk

Мотика – motika.com.mk

Курир – kurir.mk

Дневник – dnevnik.com.mk

Најдобар сајт според дизајн

Сител – sitel.com.mk

Кајгана – kajgana.com

365 – 365.com.mk

Денешен – denesen.mk

Идивиди – idividi.com.mk

Најдобар забавен сајт

Мотика – motika.com.mk

Точка – tocka.com.mk

Црнобело – crnobelo.com

Кадевечер – kadevecer.com.mk

Офф Нет – off.net.mk

Најдобар информативен сајт

Курир – kurir.mk

Новамакедонија – novamakedonija.com.mk

Капитал – kapital.mk

Плусинфо – plusinfo.mk

Мкд МК – mkd.mk

Најдобар спортски сајт

Суперспорт – supersport.com.mk

Клизач  – klizac.com

Спортски – sportski.mk

Спорт Клуб – sportclub.mk

Екипа – ekipa.mk

Најдобар бизнис/корпоративен сајт

Фолксваген – https://www.volkswagen.com.mk

Т-мобиле – www.t-mobile.mk

Стопанска Банка – https://www.stb.com.mk/

Кроација Осигурување – www.crosig.mk

Вип Оператор – https://www.vip.mk

Најиновативен сајт

Македонија 24 – www.makedonija24.mk

Моја Гардероба – https://www.mojagarderoba.mk

Грид – grid.mk

Блогираме  – blogirame.mk

Сквер – skver.mk

Најдобар сајт за е-трговија

Купи Книга – https://kupikniga.mk

Топ шоп – https://www.topshop.com.mk

Моја Гардероба – https://www.mojagarderoba.mk

Трговски Центар – www.tc.mk

Дома – www.doma.mk

Најдобар сајт за невладини организации

Otvorena Porta – www.lastrada.org.mk

Хуманост – www.humanost.org.mk

Меѓаши – https://www.childrensembassy.org.mk

Здружение Борка – https://borka.org.mk

Креактив – https://www.kreaktiv.mk

Најдобар сајт за образование

Универзитет Св. Климент Охридски – https://www.uklo.edu.mk

Универзитет Гоце Делчев – https://www.ugd.edu.mk

Универзитет Св. Кирил и Методиј – https://www.ukim.edu.mk

Факултети МК – https://www.fakulteti.mk

Фон Универзитет – https://fon.edu.mk

Најдобар мобилен сајт

Он нет  – https://www.on.net.mk

Дејли  – https://www.daily.mk

Мотика – https://www.motika.com.mk

Кајгана – m.kajgana.com

Офф Нет – https://off.net.mk

Најдобар сајт за владини/државни институции

Државен завод за статистика  – https://www.stat.gov.mk

Агенција за државни службеници – https://www.ads.gov.mk

Влада РМ – www.vlada.mk

Катастар  – https://www.katastar.gov.mk/

Управа за јавни приходи  – ujp.gov.mk

Најдобар блог

Креативен вомиториум – https://desdemona39.blogspot.com

Здраворазумен хејтеризам – https://commonsensehate.blogspot.com

Блогот на Тамара Атанасоска – tamaraatanasoska.wordpress.com

И староста е убава – www.novpocetok.kauza.mk

Клизачи – https://klizaci.blogspot.com

Макфакс

loading...
Loading...