Објавен поширокиот список на ракометната репрезентација

Објавен е поширокиот список на машката ракометна репрезентација, за настап на Светското првенство, кое од 11 до 27. јануари ќе се одржи во Шпанија.

Најмногу ракометари на списокот има од македонскиот првак Металург, тринаесет, петмина играат во Вардар Про, а од домашното првенство е повикан и Дејан Пецаковски кој настапува за Зомимак, останатите ракометари настапуваа во странство.
Никола Митревски, Стојанче Стоилов, Дејан Манасков, Лазо Мајнов,Митко Стоилов, Стевче Алушевски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Александар Јоновски, Бранислав Ангеловски, Владимир Темелков, Филип Миркуловски, Златко Мојсовски, Велко Марковски, Наумче Мојсовски, Борко Ристовски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Горан Кузмановски, Гоце Георгиевски, Филип Лазаров, Дејан Пецаковски, Милорад Кукоски, Гоце Ојлески, Ристо Арнаудовски, Милан Левов и Златко Даскаловски.
Македонија на Мундијалот ќе се натпреварува во групата во која уште ќе бидат и селекциите на Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: