Во САД стогодишничките убедливо побројни од стогодишниците

Иако е веќе долго познато дека жените живеат подолго од мажите, американското истражување покажува дека во категоријата лица над сто години, предност убедливо имаат жените предност – на секој стогодишник доаѓаат пет стогодишнички.

Според податоците на американскиот завод за статистика кои се потпираат на пописот на населението спроведено во 2010 година, од 53 364 Американци постари од сто години, повеќе од 80 отсто се жени.

Најзастапени во категоријата постари од сто години се градските бели жени, главно од американскиот северозапад и средниот запад.

„Секои 100 стогодишнички има само 20м7 стогодишници”, објави американскиот завод за статистика.

Според Гинисовата книга на рекорди, во моментов најстара жителка на светот е 115-годината Дина Манфредини од италијанското место Пиевеплаџо кој од 1920 година живее во Дес Моинес во американската сојузна држава Ајова.

Во САД има 1,73 стогодишници на десет илјади жители, во Шведска, 1,92, во Франција 2.79 а во Јапонија 3,42 стогодишни на десет илјади жители.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: